Малата Лаура со подарок за ЈЛБ ,,Илинден” по повод Светскиот ден на лицата со попреченост

Објава на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево:

Широка насмевка и очи полни топлина се првото нешто што не можеш да не го забележиш кај малата Лаура Даневска. Минатата година по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, ние ја поканивме да дојде во библиотеката и беше библиотекар. Оваа година таа сама ни дојде на гости токму на Светскиот ден на лицата со попреченост и како подарок ни донесе два нејзини цртежи направени по повод светскиот ден на лицата со посебни потреби.

Додека сте во друштво со оваа весело и зборливо девојче кое има Даунов синдром,просто не можеш да веруваш дека е можно од толку мало девојче да зрачи толку многу љубов, искреност, позитивизам…Лаура е различна ама сепак иста како сите други деца, сака да учи, да открива нови нешта ,сака мачиња, сака да се дружи, да разговара, сака се, што сакаат сите деца. Како поединци, како држава, како општество, никако не смееме да заборавиме на сите лица со посебни потреби, мора да направиме се да бидат прифатени, да бидат разберени ,да бидат исполнети и задоволни. Со наша помош и со многу љубов, тие лица можат да постигнат многу.

Заедно со Лаура во библиотеката беше и најзината мајка. Кате е мајка над мајките со огромно срце и куп разбирање за Лаура.Им порачува на сите родители што имаат деца со Даунов синдром или со пречки во развојот да не ги кријат своите деца, да не се срамат од нив. Да им помагаат колку што можат.

Ти благодариме Лаура што денес ни ја разубави и развесели библиотеката а на нас вработените ни даде многу позитивна енергија.

Душо мила, те очекуваме повторно да ни дојдеш, не само по повод 3 декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби, туку кога и да посакаш ти. Секогаш си добредојдена!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*