Отворена ликовната изложба на дела од Ликовната работилница во рамки на Деновите на хуманост

Ликовните дела кои произлегоа од ликовната работилница организирана по повод манифестацијата Денови на хуманост од синоќа се изложени во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево. Како што информираше Александар Белогаски стручен соработник во НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” изложбата е дел од одбележувањњто на Меѓународниот ден на лица со попреченост од Делчево.

-Најголем дел од децата кои беа дел од оваа работилница членуваат во Ликовното атеље кое работи во состав на Центарот за култура од Делчево. Иако има и некои недовршени дела, сепак генерално навистина сум импресиониран од она што е насликано. Се работеше во пастел техника, но буквално на децата им беа овозможени повеќе техники, со цел изложбата да биде успешна, рече Белогаски.  

Тој додаде дека ликовното атеље ,,Белогаски” останува отворено за нови членови.

-Се разбира секој оној кој што смета дека има талент може да се придружи, а ние ќе се потрудиме групите да ги организираме согласно протоколите за заштита од Ковид-19, додаде Белогаски.

Ликовната изложба заеднички ја организираа Општина Делчево, НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”, ЈЛБ ,,Илинден” и други институции, а по завршувањето на Новогодишниот концерт беа доделени благодарници на сите учесници во истата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*