
Дамјан Стоименовски уште еднаш ја воодушеви македонската публика, овој пат со неговата прва песна “ Те губам” . Музиката и аражманот се на Гоце Симоноски, додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловски , а видеото е снимено на повеќе локации во Скопје.
Ова младо момче кое потекнува од М.Каменица има 20 години и е студент на правниот факлутет “Јустинијан Први”. Дамјан е страствен љубител на музиката и пеењето. Тој редовно посетува часови по пеење , а досега има преработено неколку музички нумери. Има учествувано на балканско шоу и има освоено голем број награди на државни натпревари.
Уживајте во оваа прекрасна нумера:
Leave a Reply