Отворен мини саемот на ,,Сакам книги” во Делчево

Во Делчево отворен мини саемот на книги од издавачката куќа ,,Сакам книги”. Саемот е во организација на Јавната локална библиотека ,,Илинден” од каде ги поканија читателите да одберат дел од изданијата на оваа издавачка куќа.

-Како што веќе најавивме претставниците на ,,Сакам книги” веќе се во Јавната локална библиотека ,,Илинден”. Ги покануваме уште еднаш сите наши сограѓани, сите наши членови, да го посетат овој саем, изборот навистина е голем и е со новогодишни цени, рече директорката Биљана Петровска.

Меѓу љубителите на делата од ,,Сакам книги” денеа беше и младата Сара Ангелова која одбра дел од своите омилени наслови.

-Јас денес ги одбрав ,,Перфектна хемија” и нека победи подобриот. Обожавам да читам, тоа е еден вид мое хоби. Задоволство и чест ми е што имам прилика да бидам дел од овој саем, рече Ангелова.

Саемот како што додадоа од библиотеката е еднодневен и ќе биде отворен до вечерва (6.12.2021) до 20 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*