Ракомет: Пораз на ЖРК ,,Брегалница +” од ЖРК ,,Деспина”, кадетките на ,,Делчево Вардар” се прошетаа низ Гевгелија

Во женски ракометен натпревар одигран во салата ,,Методи Митевски – Брицо”, кадетките на ЖРК ,,Деспина” со убедливи 42:23 ја совладаа домашната екипа на ЖРК ,,Брегалница плус” од Делчево. Домаќинките беа рамноправни само во воведните минути од натпреварот, а потоа гостинките од Прилеп комплетно ја презедоа иницијативата и на крајот заслужено славеа.

Тренерот на домашната екипа Евица Стојановска и покрај поразот е задоволна од играта на своите избранички, потенцирајки дека искуството кое го добиваат домашните ракометарки со посилни екипи од нив е огромно.

-ЖРК ,,Деспина” е вицешампион во оваа конкуренција  и нормално е дека ја имаше улогата на фаворит која ја оправда во целост. За нас е важно што, она што го договоривме го прикажавме на терен, а во таа насока подобри резултати очекуваме во понатамошните натпревари, рече Стојановска.

Втората екипа која настапува во ива натпреварување екипата на ЖРК ,,Делчево Вардар” забележа убедлива победа на гости кај ЖРК ,,Гевгелија”.

Во продолжение изјавата на Стојановска по завршувањето на натпреварот одигран во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*