Врнежите го наполнија коритото на река Брегалница во Делчево

Врнежите кои непрекинато паѓаат повеќе од 24 часа, го наполнија до врв коритото на река Брегалница во Делчево. Дел од граѓаните велат дека нема опасност од излевање и потенцираа дека водата ќе биде добредојдена за земјоделските посеви.

-Сега е баш моментот кога природата треба да донесе влага на почвата и на есенските посеви. Дождот е добредојден секако и за ,,сејаниите” и за овошните насади, истакна жител на делчевското село Ѕвегор.

Огромната количина вода на површина ја исфрли негрижата на несовесните граѓани преточена во купиштата пластични шишиња и друг отпад кои беа забележливи на површината. Ова според делечвецот Зоран Биковски значи дека треба да се работи на подигање на свеста на граѓаните во делот на подобрување на колективната хигиена.

-Знаеме дека пластиката е суровина која тешко се разградува и е штетна за самата почва и средината каде живееме. Сепак и институциите треба да покажат одговорност, да се испита на терен од каде доаѓаат. Знаеме дека се спрема и Регионална депонија, граѓаните треба да бидат вкчучени во самиот процес, да биде партиципативен и отворен. Ако ги гледаме овие шишиња едно по едно може и не се многу, но можат и тоа како да се намалат, ако сме сите одговорни, истакна Биковски.’

Од општина Делчево информираа дека река Брегалница, се уште е во своето мини корито и во градската средина не е забележано излевање. Нивни екипи, како што додадоа се веќе на терен и вршат увид на критичните точки, по што ќе ги дефинираат натамoшните активности за санирање на состојбата, онаму каде ќе биде потребно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*