Ново порибување на Калиманско Езеро

Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица изврши ново проибување на Калиманско Езеро. Активноста како што информираа од друштвото финансиски е потпомогнато од општина Македонска Каменица и Рудник САСА.

-Во оваа втора фаза беа пуштени 300 килограми ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 килограми матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 килограми, информираа од СРД „Шаран“. 

Порибниот материјал како што додадоа е од езерото Козјак од Репро Центар „Миа Еко Фиш“ кои одгледуваат риба за подмладување на рибниот фонд. 

-Порибената риба би требало во пролетните месеци да се измрести со што значително ќе се збогати рибниот фонд во нашето езеро, додадоа од СРД „Шаран“.

Оваа активност како што дополнија е дел од повеќегодишната соработка на здружението „Шаран“, општина Македонска Камедница и рудникот САСА кој обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*