Видео: Втора Седница на Совет на Општина Делчево

Денес се одржа втората Седница на Совет на Општина Делчево во чии рамки на разгледување беше следниот дневен ред кој беше дополнет со дополнителна точка за престанок на мандат на член на Советот по негово сопствено барање.

-Усвојување на Записник од Првата седница

  1. Предлог-Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци;

  1. Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево;
  2. Предлог-Решение за именување на членови на Управниот одбор на Општинската јавна установа детска градинка „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач:  По точките 2 и 3-Ивана Ивановска-Советник за правни работи застапување.

  1. Извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
  2. Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:По точките 4 и 5 Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ Илинден“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Петар Богдановски од Делчево;
  2. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА од Делчево;
  3. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Војчо Атанасов од с. Град;
  4. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Асан Шаинов од Делчево;

Образлагач:По точките 6, 7, 8 и 9 – Ана Ситновска Димитровска-Советник- одговорен сметководител.

  1. Предлог-Одлука за согласност на Статутот на Локалниот историски, археолошки, етнолошки и природонаучен музеј на град Делчево

Образлагач: Даниела Такева-претседател на Упрваниот одбор на Локалниот историски, археолошки, етнолошки и природонаучен музеј на град Делчево.

  1. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Измени на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Биљана Прачкоска-Раководител на Одделение за човечки ресурси при Општина Делчево.

Седницата започна со барање на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ за произнесување на Советот за како што рекоа ,,однесувањето на градоначалникот на Делчево на социјалните мрежи”, при што советникот од СДСМ, Кире Тренчевски истакна дека фејсбук статусот е напишан од личен профил на градоначалникот, а Советот не е извршен орган да пресудува и донесува одлука по тоа.

Претседателот на Советот Гоце Попов, се огради и јавно осуди било каков говор на омраза на било кој, без разлика дали се работи за носител на јавна функција или граѓанин, но потенцираше дека Советот не е судски орган да дава заклучок. За секое однесување , како што додаде постои кодекс на однесување за јавни личности и Претседателот Попов посочи дека ќе биде направен преседан, ако се дебатира на теми, кои не се во надлежност на Советот на Општината.

Во продолжение дискусијата по Дневниот ред на Втората седница на советот на Општина Делчево:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*