Да се погледнеме ,,Лице в Лице” со Далибор и да му помогнеме!

Далибор Станковски, лице со попреченост од Делчево минатата недела и официјално беше промовиран во прв уличен продавач на списанието ,,Лице в лице”, а од денес освен продажба на месечникот, вклучени се и Новогодишни честитки, дизајнирани од помалку или повеќе афирмирани ликовни уметници .

-Му посакуваме личен успех, задоволство и среќа во оваа работа и работа која неговото слободно време го преточува во продуктивен член во нашата заедница , а за неговиот успех сме одговорни сите, истакна Александар Николов, раководител на Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Гледајќи се ЛИЦЕ В ЛИЦЕ , почитувајќи ја различноста, заедно придонесуваме нашиот град Делчево да биде инклузивна заедница по мерка за сите, додаде Николов во својата објава.

Поддржете го Далибор !!!

Контактирајте го на 078 852 894 и купете од списанието и широката палета на Новогодишни честитки и придонесете за насмевка на неговото лице. Тоа е најмалку што можеме да направиме сите за Далибор!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*