Новогодишна трпеза за сите – хуманитарна акција на Советот на млади во Делчево

Советот на млади при Општина Делчево во пресрет на новогодишните празници, заедно со своите соработници ја започна големата хуманитарна акција насловена „Новогодишна трпеза за сите“. Целта на активноста е да се овозможи достојна прослава на празничните денови кои ни претстојат за најранливите категории граѓани. 

-Се надеваме дека хуманоста ќе ни помогне и овојпат за повеќе детски насмевки и родителска среќа, преку донација на храна, финансии, детски пакетчиња или донација по избор на граѓаните и согласно со можностите. Сите собрани донации во сораборка со надлежните институции ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребна помошта, истакнаа членовите на Локалниот младински совет. 

Акцијата како што додадоа ќе трае до 17 декември 2021 година.

-Планираните акции ќе се одвиваат на неколку локации и истите се веќе започнати.  Во деветолетката „Ванчо Прке“ акцијата започна и ќе трае до 17 декември, денес и утре истата ќе се реализира во просториите на Општинската организација на Црвен крст, во гимназијата „М.М.Брицо“ донациите ќе може да се реализираат од 13 до 17 декември 2021(од 12-14 часот), во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ активноста ќе се спроведе на 14 декември 2021, додека во просториите на Пензионерското друштво акцијата веќе е во тек, а донациите ќе можат да се донесат најдоцна до 14 декември 2021 година, додадоа од Совет на млади.

Оттаму посочија дека донациите може да вклучуваат новогодишни пакетчиња, нерасиплива храна, како и финансиски средства или донации по сопствен избор, кои потоа во соработка со надлежните институции ќе бидат поделени на оние, на кои им е најпотребна помошта.

Акцијата се спроведува со поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Делчево со вклученост на горенаведените институции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*