Во Делчево промовирано делото ,,Куферко – светскиот патник од Македонија”

Во Делчево промовирано прозното дело „Куферко – светскиот патник од Македонија“ од авторката Симона Ристевска. Идејата да го напише делото, како што истакна Ристевска, е поврзана со секојдневните нејзини средби со иселениците од различни земји, во рамки на нејзината работа како портпарол во Агенцијата за иселеништво.

– ИДЕЈАТА ДОЈДЕ СПОНТАНО, ПРОИЗЛЕЗЕ ОД КОНТАКТИТЕ СО ИСЕЛЕНИЦИТЕ. ОД РАЗГОВОРИТЕ СО НИВ СЕ ГЛЕДАШЕ ЖЕЛБАТА ДЕКА САКААТ ДА СЛУШНАТ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА СВОЈАТА ЗЕМЈА, ОСОБЕНО НИВНИТЕ ДЕЧИЊА КОИ СЕ РОДЕНИ ВО СТРАНСТВО, А КОИ САКАА ПОБЛИСКУ ДА ГИ ЗАПОЗНААТ СО ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА И УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА. ОД ОВАА КНИГА ПРОИЗЛЕЗЕ И ИСТОИМЕНАТА ПРЕТСТАВА ВО КОЈА ПЛАСТИЧНО, НА ЕДЕН ИНТЕРЕСЕН НАЧИН ПРЕКУ ФАНАТЗМОГОРИЧЕН ЛИК КОЈ Е САМИОТ КУФЕРКО ЌЕ ЈА ДОБЛИЖИ УБАВИНАТА И ТРАДИЦИЈАТА ДО СИТЕ ДЕЧИЊА ВО МАКЕДОНИЈА, ИСТАКНА РИСТЕВСКА.

Со промоцијата на делото заврши третиот дел од манифестацијата „Вапцарови бранувања 2021“ која е дел од активностите на Литературната дејност при Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.

– ЕВЕ ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ ГИ ОРГАНИЗИРАМЕ ВАПЦАРОВИ БРАНУВАЊА, КАКО ПОЕТСКО-ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА И ЗАДОВОЛСТВО Е ВО ОВИЕ ГОДИНИ ШТО ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА БИЛЕ ДЕЛ ОД 150 ДО 200 ДЕЧИЊА, ОД КОИ ДЕЛ МЕ СРЕЌАВААТ И ВЕЛАТ ДЕКА СЕ УШТЕ ПИШУВААТ. СИГУРЕН СУМ ДЕКА И ОВИЕ НАЈМЛАДИТЕ КОИ СЕ ДЕНЕС СО НАС, АКО ПРОДОЛЖАТ ДА ПИШУВААТ ЌЕ СТАНАТ ПИСАТЕЛИ КАКО НАШАТА ГОСТИНКА СИМОНА. ВО ДЕЛОТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НЕ ЗАСТАНУВАМЕ, ВО РАЗГОВОР СО ДИРЕКТОРОТ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПЛАНИРАМЕ ДА ВКЛУЧИМЕ ЕМИНЕНТНИ ПИСАТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС СО ШТО И МАНИФЕСТАЦИЈАТА ЌЕ ЈА ПОДИГНЕМЕ НА ЕДНО ПОВИСОКО НИВО, ИСТАКНА ЉУПЧО ПЕТРОВСКИ, РАКОВОДИТЕЛ НА ЛИТЕРАТУРНАТА ДЕЈНОСТ ПРИ ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА.

Во рамки на настанот директорот на установата Методи Толевски ги додели наградите за најдобрите од Литературниот конкурс на тема „Вапцаров, писател со револуционерни идеи“.

Поопширно за настанот на линкот во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*