Земон од Делчево: Потребна е нова Влада за успешно отворање на преговорите со ЕУ

Во моментот на државата и е потребна нова стабилна Влада, за успешно отворање на преговорите со Европската Унија. Ова при денешната посета на Делчево го истакна претседателот на партијата „ПОЕН“, Рубин Земон кој е дециден дека околу овие прашања, она што најмногу е потребно на граѓаните е формирање на нова Влада.

-Најголемиот предизвик е исчекување да се добие нова Влада и нов мандатар, денеска тоа ќе го дознаеме од непосредните избори во СДСМ, кој е носител на нашата коалиција, по што мислам дека многу бргу ќе се формира новата Влада. Исто така еден од главните приороитети е што побргу да се отворат преговорите со Европската Унија. Сметам дека е неопходно и најургентно и на сите нас во државата ни е потребно мнозинство околу овие прашања, поготово што ни претстои една енергетска и економска криза во овие зимски месеци, а мислам дека ваква кохезија ќе донесе малку поголем спокој, рече Земон.

За претседателот на ПОЕН, засега е добро да има ново парламентарно мнозинство и Македонија да се стабилизира од економски аспект. Додаде дека „ПОЕН“ како партија ќе продолжи да биде промотор на стратегијата „Едно општество за сите“.

-Нашата партија добро знаете беше носител и во суштина лидер на таа стратегија за едно општество. Во суштина и целата таа стратегија и идеја потекна од нашата партија, за што многу малку се знае во јавност. Сметам дека тоа е една од главните стратешки насоки и на нашата држава и нашата партија, Ете за некој ден ќе имаме една промоција на книга во Скопје на тема Поделено општество која се надевам ќе ја промовирам напролет и во Делчево, додаде Земон.

Претседателот на партијата го најави конгресот на почетокот на идната година, најавувајки освежување во централното раководство и изготвување квалитетен план и програма за дејствување во наредниот период.

Видео од разговорот со Земон: https://fb.watch/9SbHUL9wOY/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*