Водостојот на реките во Делчевско стабилен !

По обилните врнежи од дожд кои предизвикаа покачување на нивото на водите, денеска во Делчевско евидентно намален водостојот на реките, со што е намалена опасноста од посериозни проблеми предизвикани од излевања на реките. 

Излевањето на реката Брегалница од мини во мајор коритото во урбаниот дел од градот како што информираа од Општината во текот на изминатите денови не предизвикаа посериозни проблеми, бидејки критичните точки во градот биле обезбедени со доволен број вреќи со песок. 

-Вон урбаниот дел, на одредени места имаше излевање на река Брегалница по должината на реката од с.Тработивиште до Делчево, како и на излезот од Делчево кај м.в. Брежје и Долни Бавчи, но не предизвика поголеми штети. Одредени проблеми предизвикаа надојдените води на река Желевица во с. Тработивиште, каде се предизвика штета на пристапниот дел од бетонскиот мост каде во текот на денешниот ден надлежните служби направија увид со цел веднаш да се преземат мерки за санација на  штетата и мостот да се стави повторно во функција, истакнаа од Општината.

Надлежните служби на Општина Делчево како што додадоа ќе продолжат со следење на состојбата со нивото на водостојот и ќе бидат во приправност за интервенција. 

-Во зависност од ситуацијата на терен и потребата од интервенција со механизација, Општината ангажира и соодветна градежна механизација. Активностите на Општина Делчево се координирани со ЈКП „Брегалница“, РЦУК-Делчево, ДЗС-Делчево и месното население, додадоа од Општината.

Воедно ги информираа граѓаните од безбедносни причини да избегнуваат движење покрај реките, потоците и каналите со вода, но и да преземат соодветни мерки за заштита на нивниот имот од евентуални поплави.

На претставниците на месните и урбаните заедници им порачаа постојано да ја следат состојбата и да ги информираат надлежните служби, а доколку има потреба од интервенција со машини и луѓе, да пријават на дежурните телефоните: 078-705-513 и 071-343-108.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*