Во Берово зголемено партиципативното учество на граѓанските организации при креирањето на Буџетот

Преку партиципативно учество на невладиниот сектор, започна креирањето на Буџетот на општина Берово за 2022 година. Во рамките на буџетскиот процес денес како што информираа од Општината се одржа состанок со претставници од невладиниот сектор на кој од страна на претставниците од Здруженијата на граѓани, беа давани предлози и идеи, од кои како што додадоа дел се веќе предвидени во програмите за реализација, дел ќе бидат предвидени, а дел ќе останат како препорака, во иднина да бидат предвидени.

-Продолжува дирекното  учество на граѓаните и невладиниот сектор, во креирање на Буџетот на општина Берово за 2022 година. На средбата која здруженијата ја имаа со градоначалникот Звонко Пекевски, помеѓу предлозите имаше проекти од инфраструктура, комунална хигиена, туризам, социјална заштита, енергетска ефикасност, спорт, сите во насока на  подобрување на животот на граѓаните, истакнаа од Општината.

Градоначалникот Пекевски поздравувајки го ваквиот начин на учество на граѓанаките организации посочи дека ваквите средби се можност за директно учество на граѓаните во креирање на Буџетот.

-Учеството на граѓаните, во процесот на креирање на Буџетот, е многу важно, бидејќи од ваквите средби, произлегуваат многу проект идеи, од кои во иднина никнуваат и успешно реализирани проекти, рече Пекевски.

Во меѓувреме, на веб страната на Општина Берово, поставен е нацрт Буџетот, кој после неколку консултативни средби, ќе биде даден како предлог Буџет, пред советниците во Советот на општина Берово за негово усвојување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*