Дел од Малешево прогласен за заштитен предел

Владата денеска ја усвоила предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Со оваа одлука, територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13.8%, додаваат оттаму.

„Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата“, истакна министерот Насер Нуредини.

Министерството претходно спроведе кампања под слоганот „Да го зачуваме Малешево за идните генерации“ пред да се прогласи дел од Малешево за заштитен предел.

Целта на кампањата беше да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*