Презентирана родовата анализа на Програмата за социјална заштита на О.Делчево

Во рамки на активностите од проектот ,,16 дена активизам за борба против родово базирано насилство”, презентирана родовата анализа на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево. Овој документ, како што истакна координаторката за еднакви можности на Општина Делчево, Сузана Петровска, беше презентиран во рамките на еднодневната работилница организирана од ЗЕЛС на тема „Локализација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство: креирање мерки во рамки на локалните програми за родова еднаквост и социјална заштита“. 

-Родовата анализа на Програмата дава акцент на маргинилизирани заедници со цел давање препораки за унапредување на програмите и помош на Одделението за јавни дејности при креирањето на нивните програми за следната година при што се разгледани податоците за тоа колку жени и колку мажи имале бенефит од реализацијата на програмата за 2021 година, колку жени и колку мажи биле директно вклучени во реализацијата на Програмата за социјална заштита за 2021 година, колку средства се одвојуваат за секоја активност и слично, истакна Петровска.

Општината како што додаде претходно има изготвено Стратегија за родова рамноправност 2020-2022 со акциски план за нејзина реализација.

-Целта на настанот на кој присуствуваа претставници од општините, лицата одговорни за родова еднаквост и социјални заштита беше да се унапредат знаењата за Истанбулската конвенција како најсеопфатен документ што воспоставува правно обврзувачки стандарди за превенција и спречување на насилството врз жените и домашното насилство, како и дискусија за националните закони и документи  поврзани со спроведувањето на оваа меѓународна Конвенција, додаде Петровска.

Вклученоста на локалната самоуправа како што додадоа од Општината е потребна за воспоставување на услугите за специјализирана поддршка, во делот на таканаречени засолништа, телефонски линии за помош, услуги за жртви на сексуално насилство, правна поддршка како и советодавни центри и поддршка за деца сведоци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*