Стојменовски: Зголемена појавата на труење на кучиња во Делчевско

Докторот по ветеринарна медицина Николчо Стојменовски алармира за зголемен број на труење на кучиња во неколку делчевски села и градот Делчево.

Како што тој информираше, а може да се забележи на фотографиите и објавите на неговата официјална фан страна https://www.facebook.com/dr.NikoVet/ интервенции при труење на кучиња деновиве тој имал во селата Габрово и Разловци, а последниот случај ваква покава е забележана и во Делчево.

Апелираше на прептазливост, особено посочи дека појавата е опасна доколку во контакт со отровот може да дојдат мали деца, што особено зборува за неодговорна постапка од страна на лица кои го фрлаат отровот.

Во продолжение неколку фотографии позајмени од фан страницата на Стојменовски.

Видео од случај на труење куче во Разловци:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1203292966863110&id=268787666980316

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*