
Санела Фератова Озен е млада девојка по потекло од Делчево која е голем љубител на плетени работи кои сама ги изработува. Вели дека плете уште од девојче, а во време кога пандемијата ограничи многу работи плете уште почесто.
Најчесто плете турбан траки за коса кои и се најбарани, а меѓу производите кои се дел од нејзината креативна работа се и бебешките ,,калци” и калци за деца и возрасни.
-Плетам исто така и капи, шалчиња, бебешки блузи и пантолони. При изработката користам волница ,,менада” која сама ја набавувам. Изработките ги изработувам сама, бидејки како што кажав тоа ми е преокупација, особено сега, иако плетам од мала, вели Фератова.

Нејзините производи се доста барани, па најчесто кога се работи за нарачки надвор од градот ги праќа по карго во договор со клиентите.
Санела има и сопствена фан страница ,,Рачноплетени изработки” каде сите кои имате желба да купите нешто од нејзините производи може да ги нарачате токму во порака на линкот во продолжение: https://m.facebook.com/103441781702786
Еве дел од изработките на Санела на која и посакуваме многу успех во нејзината работа, која ја работи со голема љубов.











Leave a Reply