Започна Новогодишното украсување во Делчево

Делчево новогодишно се украсува со новогодишни украси и реквизити од претходната година. Годинава како што информираа од Општината, во Буџетот не се предвидени средства за нови украси, поради што за реализирање на украсувањето ќе се користат старите украси и светилки.

-Ова е период кога традиционално општината пристапува кон украсување на градот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Годинава не е предвидена набавка на нови реквизити и материјали, а за таа цел ќе се користат старите украси и реквизити, како дел од политиките за кратење на непродуктивните трошоци, истакнаа од Општината.

Поради ситуацијата со енергетската криза, а во насока на поголемо штедење, годинава украси и светилки ќе бидат поставени во центарот на градот.

-Оваа година по многу нешта е специфична поради енергетската криза, па поради тоа украсувањето нема да биде на целиот град, како што беше претходните години, туку само во централниот дел на градот, додадоа од Општината.

Новогодишното украсување започна денес со поставување на Новогодишната елка која е поставена во центарот на градот.

Од ЈКП ,,Брегалница” чии екипи работат на поставување на реквизитите, апелираа поставените украси, светилки и други реквизити да не се фаќаат, бидејки поради тоа што истите се под напон, можат да предизвикаат несакани ефекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*