Марјан Николовски добитник на Државната награда за остварувања во новинарството за 2021!

Новинарот и уредник на ТВ Сител, Марјан Николовски (по потекло од Делчево) е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во новинарство за 2021 година.

Наградата му се доделува за особен придонес кон афирмација на регионален, културен и општетствен дијалогот, религиска, национална и етничка толеранција, како и промоција на позитивни вредности и евратлански перспективи.

Марјан Николовски е новинар кој се истакнува со новинарски стории кои имаат еден поинаков пристап на промоција на дијалогот и афирмција на позитивни вредности при известувањето во поглед на меѓуверската толеранција и почит, но и во поглед на добрососедските односи, регионалниот и општествен дијалог.

Николовски е долгогодишен новинар и уредник во најгледаната македонска телевизија. Важи за одличен познавач на политичките состојби особено на односите меѓу Македонија и Бугарија и еден од најдобрите познавачи на верските прашања меѓу македонските новинари.

Државната награда за новинарство ја доби и новинарката Аделина Марки, а за публицистка ја добија  Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември вo Собранието.

Во продолжение погледнете ја емисијата Ја сакам Македонија, во која како човек кој потекнува од Делчево, Николовски беше специјален гостин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*