,,Унгарски културен мозаик” в петок во М.Каменица

Македонска Каменица во петок ќе биде домаќин на манифестацијата  ,,Унгарски културен мозаик”, во чии рамки како што стои во официјалната објава за овој настан, ќе биде отворена и изложба од дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија. 

-Овој петок (17.12.2021) Домот на култура во Македонска Каменица, на 17.12.2021 година, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Унгарски културен мозаик“. Во рамки на двочасовната програма, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со изложба од дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија, а исто така посетителите од Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да уживаат во дел од презентацијата на унгарската музика, вино и десерти, стои вп најавата за овој настан.

Манифестацијата како што додадоа организаторите е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во соработка со градоначалникот на општина Македонска Каменица. 

Во рамки на манифестацијата, свое учество ќе земат и членовите на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица со кои оваа установа планира воспоставање на долгогодишна соработка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*