Љубовта кон олдтајмерите на Лоренцо и Јуре ги зближија општините Делчево и Чрномељ

Дека заедничките интереси спојуваат луѓе од различни држави, а притоа овозможуваат пријателства кои ќе траат со години покажува случајот на делчевецот Лоренцо Трајановски и словенецот Јуре Штрмоле и двајцата вљубеници во олдтајмерите, чија потрага да научат што повеќе за својата љубов кон старите возила, ги споила на заеднички форум, на кој најпрвин спријателувајки се, споделувале искуства за автомобилот Wolksvagen K-70, ретко возило кое и двајцата го поседувале.

Дебатирајки на темата, во случаен разговор за пожарите кои летово го зафатија делчевско притигнала и првата понуда за помош која Јуре ја понудил, која потоа резултирала со обезбедување на донација од противпожарно возило кое во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Делчево.

Во продолжение пренесуваме дел од она што ни го раскажа Лоренцо за оваа соработка, преку која нашите пожарникари ќе го добијат донираното противпожарно возило.

-Јас пред 2 години се запознав со Јуре штрмоле случајно преку еден форум за автомобили Фолксваген К-70. Тој како и јас поседува таков автомобил. Се слушавме често, дебатиравме за олдтајмерите, си делевме совети едни на други за набавка за делови. И кога летото беа катастрофалните пожари, кај нас, мене лично Јуре ми се јави и праша дали ќе ни треба некоја помош од нив, затоа што неговата ќерка Нежа Штрмоле е вработена во Територијалните противпожарни единици во Словенија за Меѓународна соработка и секретар на Светска асоцијација за донирање опрема.

Така пред 2 месеци ми се јави Јуре и ме праша дали сакаме, да ни донираат еден камион и јас секако тоа го прифатив со задоволство. Веднаш го известив градоначалникот Трајковски кој ми даде зелено светло и ми рече секаква помош што ќе ми биде потребна од него, ќе ми биде дадена и така и испадна. Потоа Јуре и ќерка му се договорија со Јоже Вршчај, командир на пожарната единица во градот Чрномељ дека ќе го дадат камионот на ТППЕ Делчево.

Јоже ми се јави и ме праша за датум, кога да го земеме камионот и јас во договор со градоначалникот одлучив тоа да биде 16 декември, при што јас заминав еден ден порано за да ги средиме администативните работи. Следниот ден дојде градоначалникот, јас претходно договорив средба со градоначалникот на Чрномељ, Андреј Кавшек и сите заедно, нашите и нивни колеги заминавме на заедничка средба која беше на највисоко ниво, на која бевме прифатени одлилно како да се знаеме со години. Следниот ден извршивме примопредавање на возилото, по што тргнавме назад кон Делчево, ни раскажа делчевскиот пожарникар Лоренцо Трајановски.

Овој пожарникар годинава ја доби наградата за најдобар пожарникар за 2021 година што се покажа дела е награда која замина во вистински раце.

Љубовта на Лоренцо кон олдтајмерите продолжува и понатаму. Тој е сопственик на првиот музеј на олдтајмери во Источна Македонија и е главен иницијатор на собирот на олдтајмери, кој секоја пролет се одржува во Делчево.

Во продолжение неколку видеа за неговата пасија:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*