
Доброволната противпожарна бригада ,,Стари трг об Колпи”, со седиште во Општина Чрномељ, Република Словенија донираше противпожарно возило со опрема од словенечки Чрномељ за делчевската Територијалната противпожарна единица како и опрема за делчевските пожарникари донира. Донацијата лично ја прими градоначалникот на, Горан Трајковски, кој заедно со претставници од ТППЕ Делчево се наоѓаат во работна посета на Општина Чрномељ и тамошната противпожарната бригада.
-Донираното противпожарно возило возило Magirus – Deutz е со комплетна опрема и во одлична состојба и значително ќе придонесе за подобрување на опременоста на пожарникарите и за ефективноста и ефикасноста на делчевските пожарникари, рече Трајковски.
За стручна надоградба на капацитетите на пожарникарите како што додаде договорени се и обуки за делчевските пожарникари.
Во рамките на посетата Трајковски оствари средба со градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавсек, на која се разговараше за идната соработка меѓу Делчево и Чрномељ за искористување на фондовите од ЕУ, како и соработката на културно поле.
Leave a Reply