Одлично градско дерби во ракомет помеѓу ЖРК ,,Делчево” и ЖРК ,,Брегалница+”

Вистинско задоволство беше денес да се присуствува на Градското дерби во женски пионерски ракомет, кое во салата Методи Митевски Брицо се одигра помеѓу екипите на РК ,,Делчево” и РК ,,Брегалница +”.

Натпреварот подобро го започнаа ракометарките на Брегалница, кои по почетното водство на РК Делчево од 1:0 направија пресврт и поведоа со 4:6, по што тренерот Горан Велков повика тајм-аут, што значеше и консолидација во играта на пионерките на РК ,,Делчево”. Најпрвин израмнија на 7:7, по што се играше гол за гол до резултат 9:9, за да во 18 минута, повторно бидат во водство со 11:9.

Веднаш потоа уследи тајм-аут за тренерот на Брегалница, Евица Стојановска, што исто така резултираше со подобра игра на Брегалница за пресврт и 12:13 за Брегалница на само неколку секунди пред крајот на полувремето, во кое РК Делчево не го искористи последниот напад за израмнување на резултатот.

Второто полувреме започна во знакот на РК ,,Делчево” кои постигнаа два гола за водство од 13:12, но се консолидираа условно кажано гостинките и во 26 тата минута резултатот гласеше 14:14.

Потоа како да се виде мала немоќ кај тимот на ,,Брегалница+” што навестуваше дека до крајот ќе немаат сили да го задржат добриот резултат, па така РК ,,Делчево” поведе со 16:14, а потоа и 18:15 и 20:16. Во овој дел од натпреварот беа забележливи и доста грешки и неколку ненамерни фаули, кои за среќа завршија без посериозни повреди по ракометарките.

Иако пионерките на ,,Брегалница +” се обидуваа да се вратат во натпреварот, цврстата одбрана на РК Делчево ја одржа предноста, со што на крајот триумфираа со 23:19.

По натпреварот успеавме да обезбедиме изјава од тренерот на Брегалница Евица Стојановска, која изрази задоволство од одиграното на своите ракометарки најавувајки го наредниот натпревар со екипата на РК ,,Астибо” Штип, во кој тие се домаќини во Делчево.

Како гледачи и љубители на спортот може да кажеме дека Делчево во името на пионерките на двете екипи добива ривалство во женски ракомет кое ќе трае, секако на задоволство на сите љубители на ракометот.

Публиката која го следеше натпреварот беше коректна и покажа дека Делчево сака спорт, навестувајки дека со секој следен натпревар ќе биде уште побројна.

На ракометарките на победничката екипа им честитаме, а на двете екипи им посакуваме уште подобри резултати на наредните натпревари, кои без технички проблеми ќе се обидеме во целост да ги пренесеме во живо.

Натпреварот во продолжение:

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/334781158190301/

Последна минута од натпреварот:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*