Повредено женско малолетно лице и возач во сообраќајка во Делчевско

Повредено малолетно женско лице и возач во сообраќајна несреќа, која денес околу 14:00 часот се случи кај место викано ,,Шумското” на магистралата А-3 кај Делчево.

Според информации од делчевскиот здравствен дом, неколку минути по несреќата, помош е укажана на девојчето и на возачот кој излетал од патниот правец Делчево – Пехчево на 1,5 километар оддалеченост од првичната несреќа.

-Кај повреденото девојче по укажаната интервенција се очекуваат резултати во однос на евентуална појава на скрешеници во пределот на нозете, додека возачот исто така се пожалил на болки поради што му е укажана лекарска интервенција од страна на Итната медицинска помош, информираа од Здравствен дом Делчево.

Очевидци затекнати во близина на местото на настанот додадоа дека најверојатно возачот бил под дејство на алкохол.

Од полицијата го потврдија случајот повеќе детали за несреќата најавија во текот на денот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*