Словенското противпожарно возило и опрема пристигна во ТППЕ Делчево

Словенското противпожарно возило и опрема наменети за Териоријалната противпожарна единица од Делчево, денес го затекнавме во кругот на единицата каде најдобриот пожарникар за 2021 година Лоренцо Трајановски го повтори она што самиот ни го кажа за целата приказна околу начинот на кој истото беше обезбедено и соработката која благодарение на неговот познанство со Јуре Штрмоле резултирало да се воспостави соработка помеѓу првите луѓе на Делчево и Чрномељ.

-Сето тоа што се случи е резултат на моето хоби со олдтајмерите кое го имам повеќе од 10 години. Со мојот колега од Словенија со кој имаме исти автомобили К-70 се запознавме на еден форум и така воспоставивме контакти и летово кога беа пожарите во делчевско тој ме праша дали ќе ни треба помош и ми понуди да ни донираат еден камион што јас секако се согласив. Го запознав градоначалникот, тој ми ја даде неговата поддршка, на 16 декември заминав за Словенија да ги средиме административните работи, потоа дојде и тој и еве возилото денес е во Делчево.

Со набавката на ова возило во моментот ТППЕ Деччево како што додаде Трајановски располага со 4 возила.

-Сега имаме 4 возила, нема веќе зошто да се грижиме дали ќе можеме да одговориме доколку имаме слична ситуација како летово. За крај упатувам голема благодарност до Јоже Вршчак кој е командант на протипожарните единици во Словенија, додаде Трајановски.

Делчевскиот пожарникар најави дека многу скоро ќе пристигне уште една донација од Словенија за која веќе е разговарано, а најави и можна донација од Швајцарија, за што веќе има преговори со негови пријатели од оваа земја.

Инаку за време на престојот во Словенија, делчевските пожарникари биле сведоци на шовик за појава на пожар во единицата во Чрномељ при што преку видео снимка се обидоа да ни доловат како изгледа првичната поставеност на единицата при тргнување на интервенција.

Оваа фотографија како што ни појасни Трајановски е монитор на кој се наоѓаат податоци за локацијата на несреќата и распорес на пожарникарите за тоа кој е на должност.

Во продолжение изјавата на Трајановски по пристигнувањето на возилото во Делчево:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*