Врвот ,,Голема Вртешка” дел од маршрутата на Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак”

Членови на ПСК ,,Голак” денес го искачија врвот Голема Вртешка. Иако експедицијата броела 12 членови, поради лошото време, како што информираше Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, четворица планинари морале да се вратат назад.

-Денес организиравме планинарска тура за посета на Црничките мелови (Бедленд) и ги искачивме Голема вртешка (1853 м.н.в.) и Мала Вртешка (1551 м.н.в.) на планината Влаина. Врвот Голема Вртешка е еден од највисоките врвови во источниот дел на државата, но за жал како и Мала Вртешка е речиси непознат за планинарите. Поради лошите временски услови (доста засилен ветар, пропратен со густа магла и многу мала видливост, како и длабок снег) од едниот до другиот врв, вкупно 8 планинари ја реализираа целосно маршрутата и го искачија врвот Голема Вртешка, додека 4 планинари морале да се вратат назад, истакна Чучуковски.

Маршутата, како што додаде почнала од село Црник на 850 метри надморска висина.

-Притоа со маршрутата беа опфатени Црнички мелови (Бедленд) 1093 м.н.в. – Врв Мала Вртешка 1551 м.н.в. – Врв Голема Вртешка 1853 м.н.в кој се наоѓа на самата гранична линија со Р. Бугарија, во вкупна должина од 17.6 километри во двата правци. За нас ова се многу важни врвови од 2 причини. И покрај тоа што врвовите се наоѓаат административно во Општина Пехчево, сепак географски се наоѓаат во нашата област Пијанец (Делчевска), односно од таму започнува нашата област од јужната страна. Втората причина е поради тоа што врвот Голема Вртешка 1853 м.н.в. е еден од највисоките во источнниот дел на државата. Трета причина за посета на местото е промоција и посета на природниот феномен Црнички мелови, додаде Чучуковски.

Иако не им биле наклонети баш добри временски услови, сепак како што додаде претседателот на делчевскиот клуб, на највисоко ниво во рамки на денешната маршрута била позитивната енергија и дружбата со планинарите. Упати благодарност до сите учесници и ги покани на нови заеднички дружби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*