О.Делчево со зголемена поддршка на иницијативата за поголема транспарентност на Општините

Општина Делчево се приклучи на општините кои  ја зголемуваат својата поддршка на иницијативата за поголема отвореност и транспарентност на единиците на локалната самоуправа во Македонија. Иницијативата е подготвена од Фондација „Метаморфозис“ во рамки на проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и е во корелација со досегашната политика на Општината за подобрување на транспарентноста и отчетноста, како алатка за борба против корупцијата и градење доверба кај граѓаните. 

-Во таа насока, како дел од оваа иницијатива градоначалникот Горан Трајковски ја потпиша Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа, со што Општина Делчево се обврзува да ги следи и почитува начелата и принципите во самата Декларација. Дополнително, континуирано ќе се работи на подобрување на своите политики на транспарентност и вклученост на граѓаните во процесите на донесување одлуки, истакнаа од Општината. 

Отвореноста како што додаде градоначалникот Трајковски претставува клучен услов за демократија, која им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што се спроведуваат. 

-Декларацијата опфаќа 6 клучни принципи како што се транспарентност, достапност, интегритет, ефективност, принцип на континуирано унапредување на транспарентноста и интегритетот и принцип на работење кое секојдневно ги подобрува стандардите и условите за отворено, отчетно и транспарентно работење, како и да се има јасно определени развојни цели кон јавно и навремено информирање на граѓаните заради правото на партиципативно одлучување, додаде Трајковски.

Општина Делчево е дел од проектот на Фондацијата за развој на локалната заедница и Фондацијата Метаморфозис кои работат на следење на транспарентоста, но и на целокупното подобрување на транспарентноста на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*