Глигоровска: Пандемијата не остави посериозни последици по работењето на делчевскиот здравствен дом

Делчевскиот здравствен дом ги сумираше резултатите за работата на установата во 2021 година. Директорката на делчевскиот здравствен дом, Марија Глигоровска на прес конференција истакна дека пандемијата не оставила посериозни последици по работењето на делчевскиот здравствен дом, напоменувајки дека во 2021 година в Делчево и М.Каменица вакцинирани се над 10.000 граѓани, што според Глигоровска е солидна бројка, ако се има во предвид бројот на жители во двете општини.

-На крај на годината сме, исто како и минатата година и оваа година помина во знак на Ковид-19. Во знак на мерките што ги донесуваше Владата, ние ги почитувавме насоките од Министерството за здрваство. Како установа меѓу првите почнавме со вакцинацијата, посебно во малите места. Започнавме со АстраЗенека со најстарото население и мислам дека бевме успешни. Потоа продолживме со Синовак, Синофарм, сега со Фајзер и стигнавме до бројка од над 10.000 граѓани, при што одзивот на граѓаните на М.Каменица на почетокот беше нешто помал, а во последно време и таму имаме добар одзив, истакна Глигоровска.

Со вакцинацијата, како што додаде опфатени се и децата од претшколска и школска возраст, каде се вакцинирани сите кои пројавиле интерес за имунизација. 

Во делот на специјализации кои во изминатиот период се реализирани, Глигоровска информираше дека годинава установата пратила двајца лекари на специјализација, а дел од претходните специјализанти се вратиле и веќе се на своето работно место во установата.

-Кај нас конкретно имавме две специјализации, колешката по радиодијагностика се врати и работи веќе три-четири месеци. Во јануари ќе се врати специјализант по офтамологија, а претходните години имаме и спедцијализација по Интерна медицина. Исто така во Делчево и М.Каменица имаме специјализација по Неврологија, како и еден специјализант по интерна медицина во М.Каменица. маме недостаток на лекари, Министерството за здравство ни одобри двајца лекари да примиме, се надевам дека ќе ги најдеме и таа администартивна процедура која беше закочена од изборниот процес ќе помине побргу за да може да започнат со работа, додаде Глигоровска.

Во однос на инвестиции установата како што додаде директорката е добро опремена. Во теко на вчерашниот ден пристигна ново возило за Итната медицинска помош, а Глигоровска преку Минисгтерството за здравство очекува и две нови возила за Делчево и М.Каменица.

-Минатата година набавивме едно комби возило, оваа година уплативме наши средства за уште едно транспортно возило, а очекуваме уште по едно возило за во Делчево и М.Каменица. Други инвестиции имаме во делот на реновирање на установата. Имаме соодветни апаратури, нешто послаби сме во лабораторијата која што очекуваме да биде опремена преку генерален тендер од Министерството за здравство. Имаме некои апарати, кои не ни недостигаат, туку се малку постари и почесто се расипуваат и затоа е потребно и овде да се сменат работите. Инаку ги имаме сите апарати за сите анализи кои работат и во М.Каменица и во Делчево, дополни Глигоровска. 

Во однос на состојбата со Ковид-19 на крај од прес-конференцијата Глигоровска посочи дека состојбата во моментот е стабилна, откако пред две недели имало зголемен број позитивни случаи од кои дел од болните биле упатени на понатамошно лекување во Клиничките болници во Штип и Скопје. Последните неколку дена како што додаде, региситрираните случаи се асиптоматски и со лесни симптоми.

Упати апел во пресрет на празниците граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита со што ќе се одбегне зголемена појава на нови случаи со Ковид-19. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*