
Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, на припадниците на турската заедница во Република Македонија им го честита 21 декември, Денот на одбележувањето на наставата на турски јазик.
-Турската заедница во Република Македонија и во нашата општина претставува значаен дел од македонското мултиетничко општество и преку празнувањето на овој значаен ден се овозможува на нашите сограѓани, припадници на турската заедница, да го јакнат својот национален и културен идентитет. Турската заедница дава огромен придонес во развојот на нашата општина и на Република Македонија.
Како Локална самоуправа и понатаму ќе продолжиме да градиме заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит, бидејќи сметаме дека тоа е единствениот начин преку кој општина Пехчево ќе биде препознатлива како општина на доверба, толеранција и заедништво, истакна Китански на својот фејсбук профил.

Leave a Reply