Отворена новата ВФВ Клиник, еден од сопствениците и познатиот бизнисмен по потекло од Делчево, Ферки Демировски

Вчеравечер беше свечено отворена новата приватна клиника –ВФВ клиник, под слоганот „ВЕРНИ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ“ која има за главна цел да донесе поефикасно и поконцизно здраство кое на најдобар начин ќе му служи на општеството.

На вчерашното отварање присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, ресорниот министер за здравство Венко Филипче, Шахи Фетаху претседател на ИВЗ и претставници на амбасади, еминентни бизнисмени и доктори.

Свое обраќање имаше директорката на ВФВ клиник Д-р Којиќ која го отвори официјалниот дел на настанот и ги најави сопствениците на ВФВ клиник Беким Незири, бизнисменот Ферки Демировски кои во своето излагање јасно ја преносоа главната порака на клиниката и изразија голема благодарност за целосната поддршка упатена од сите за отворање на ваков здравствен дом.

„Горди сме што успеавме да обезбедиме врвна медицинска технологија од последна генерација, но уште по горди сме со тимот на доктори и медицински персонал кој на оваа опрема ќе и даде душа, бидејќи нашите соседи и клиенти заслужуваат најдобра технологија и најдобра услуга“- изјави г-динот Ферки Димировски.

„Идејата започна во пишана форма на еден лист хартија, а прерасна во проект кој ќе обезбеди сигурност и напредок на целокупниот здравствен систем. Чест и задоволство ми е да допринесан на ваков начин во земјата во која што живеам, како и за луѓето со кои ја делам оваа земја. Верувам во овој проект, како и многумина кои ме охрабрија да го започнеме заедно со мојот партнер. “- изјави г-динот Беким Незири.


ВФВ Клиник е нова приватна здравствена установа од примарна и секундарна здравствена заштита, која се наоѓа помеѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, на лесно пристапно место за со приватно возило и јавен превоз.


Истата е во непосредна близина на бул. Босна и Херцеговина, одалечена помалку од 1 км од Качанички пат и скопската обиколница и 4 км одалечена од центарот на градот.

Во склоп на комплексот на клиниката се сместени биохемиска, молекуларна и микробиолошка лабараторија.

Комплексот на клиниката е целосно ограден, осветлен и хортикултурнмо уреден. Во истиот има обезбедено приватен паркинг за повеќе од триесет  возила, со регулиран влез и излез од две страни. Објектот е изграден по најсовремени стандарди и во него се вградени енергетско – ефикасни материјали.  Комуникацијата во целиот објект е со пристапни рампи и лифт механизација, сè со цел лесно движење на лицата со инвалидитети.

Во клиниката има систем на централна климатизација и вентилација, со која во секое време во годината се обезбедува соодветна температура и чист воздух.

Во просториите каде е потребно, има обезбедено доток на кислород до секој кревет и монитор за следење на пациентите поврзано со централен систем.

ВФВ Клиник е составена од два сегменти и тоа :

Примарна медицина – составена од тим на пет општи доктори и пет медицински сестри.

Клиниката на примарно ниво ќе работи во мрежа на здравствени установи, односно општите лекари ќе бидат матични лекари (поврзани со фонд). Потоа, мобилен тим за домашна посета и секундарна медицина составена од осум доктори специјалисти и десет средно технички персонал.

Секундарната медицина е составена од следните дејности: педијатрија, интерна медицина, трудова медицина, психијатрија, гинекологија, гастроентерохепатологија, кардиологија , рентген дијагностика.

Имено изградбата на ВФВ Клиник траеше 10 месеци и истата се простира на простор близу 2000 м2.  ВФВ Клиник ќе претставува нов и модерен пристап, кој нуди здравствени услуги по фер цени. Целта е  достапност и за ранливите категории на граѓани, кои имаат потреба од квалитетна услуга. Ова е само уште еден доказ за влијанието на инвестициите во она кое што е примарно за целосното население, одличен здравствен систем кој ќе работи за потребите на сите македонски граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*