Македонска Каменица потпиша Меморандум за соработка со турската општина Балчова

Општина Македонска Каменица потпиша Меморандум за соработка со Општина Балчова од Р.Турција. По тој повод во официјална посета на М.Каменица присуствуваше градоначалничката Фатма Чалкаја која истакна дека по потпишувањето на Меморандумот очекува поголема соработка во повеќе сфери од општественото живеење.

-Денес помеѓу Балчова и М.Каменица изградивме еден братски мост. Верувам дека со тек на времето ќе се зајакнеме културно, економски и ќе продолжиме како браќа до крај. Ја користам приликата да се заблагодариме на градоначалникот и членовите на Советот за поканата и уште еднаш ќе кажам чест и задоволство е што сме овде, истакна Чалкаја.

Каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски додаде дека односите меѓу Македонија и Турција отсекогаш биле на најсовоко ниво, што се потврдува со соработката помеѓу двете Општини. 

-За наша среќа, ние за прв пат имаме можност за збратимување на Македонска Каменица со Балчова. Очекувам прекрасна соработка во областа на културата и во областа на економијата и во областа на спортот и се што е во интерес на двете општини, рече Атанасовски.

Во рамки на престојот во М.Каменица, делегацијата од Балчова денес го посетија Рудник Саса како и туристичкиот комплекс ,,Еленец” во село Цера. в.с/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*