Се подобрува работата на грејниот систем во градинката ,,Весели Цветови” во Делчево

Делчевската детска градинка „Весели цветови“ набави нов горилник со што комплетно како што информирaа од градинката е подновен системот за парно греење во установата. Набавката како што додадоа е од сопствени средства во вредност од 413.000 денари и согласно со годишниот план за јавни набавки, годишната програма и развојниот план на градинката.

Како што истакна директорката на градинката, Билјана Симовска, горилникот е монтиран и пуштен во употреба.

-Првиот горилник од системот за греење беше заменет во 2018 година, а за да не дојде до крах на грејниот систем, вториот горилник беше репариран, за да овозможи заштеда на нафта, а денес веќе во функција е нов што значи дека системот за греење во градинката сега е подновен максимално и очекуваме реална заштеда на енергија и заштита на животната средина. Од систем пред крах, денес имаме 2 нови горилника кои многу значат, потенцираше Симовска.

Освен, набавката на горилникот за потребите на парното греење, реализирани се и други инвестиции.

-Вложувањето во безбедна, здрава и сигурна средина на децата е наша обврска и наша цел. Во објектот се вградени и надворешни ролетни на две занимални во доградбата на градинката во вредност од 60.750 денари, а исто така, набавени се и постелнини за сите креветчињата, во вредност од 64.900денари. Заедно со претходните набавки во опрема и дидактички материјали, детската градинка од сопствени средства овој период инвестираше околу 850.000 денари, додаде Симовска.

Посочи дека правилниот раст и развој на децата и осовременувањето на градинката, ќе.продолжи да биде обврска, но и приоритет на установата и најави нови инвестиции и вложувања кои се планирани и во наредната 2022 година

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*