Брегал, Нефи и Крзно ќе стипендираат ученици во прва година во гимназијата во Делчево

Средното општинско училиште го збогати машинскиот парк за успешно изведување на практичната настава во текстилно-кожарската струка. Донатор на новата машина е Општествено одговорната фирма Брегал, која како што стои во објавата на Средното-општинско училиште обезбеди стипендирање на ученици во прва година од текстилно-кожарската струка за што од учичиштето упатија благодарност за успешната заедничка соработка.

Стипендирање во текстилно-кожарската струка гимназијата обезбеди и од компанијата ‚‚Не Фи “ која исто така ќе стипендира ученици во прва година во делот на овозможување на изведување на настава по предметот Учење преку работа, феријална пракса, со донирање на потребни материјали за настава во училиштето.

Ученици во прва година текстилно-кожарска струка, преку изведување на настава по предметот Учење преку работа, феријална пракса, донирање на потребни материјали за настава во училиштето и стипендирање е обезбедено и како дел од соработката на гимназијата со КРЗНО дооел.

На сите свои соработници од гимназијата им посакаа среќна и успешна 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*