Патриотките подобри од кошаркарките на Пробаскет

Делчевските “Патриотки” со 6-тата победа во низа го обезбедија второто место во У 16 конкуренција. Денес во спортската сала во делчевската гимназија, делчевки беа подобри од КК “Пробаскет” со 59-48. Шампионките од Делчево како што истакна по натпреварот тренерот Љупчо Петровски не дозволија изненадување, најмногу поради брзата и динамична игра што била клучна за победата над многу добрите кошаркарки на Пробиштип.

-Нашите кошаркарки во три четвртини беа подобри, водевме со 20 поени, така што гостите во последната четвртина одиграа доста добро и ја намалија предноста на 11 поени, а последната четвртина ја добија со 13-18, но сепак ние победивме со 59:48, истакна Петровски.

Сите девојки од екипата на Патриот одиграле борбено и ефикасно.

-Овојпат со 20 поени и 4 тројки најефикасни беа Радмила Стоименовска, Ана Ангеловска 12, Теодора Атанасовска 12, Наталија Дамјанова 9, Мелани Стондновска 3, Елена Димитровска 2, и Ана Костадиновска 1 поен, додаде Петровски.

Девојките утре (26 декември 2021) играат дерби од 1.коло во вториот дел со Тим Арена од Штип, единствена екипа која нема загубено во М 16.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*