Тешка зима го очекува семејството Иликовски од село Разловци

Со скромни примања од 5.000 денари, паричен надоместок кој го добиваат како социјална помош семејството Иликовски од делчевското село Разловци ги очекува уште една тешка зима. Скромниот дом во кој живеат 34 годишниот Игор и неговата мајка Павлина е пред распаѓање, а за време на дождови, просторијата константно е под вода, што ја прави живеачката уште потешка. Иако Игор работи каде ќе го повикаат, сепак средствата како што вели не се доволни, бидејки на прво место се комуналните давачките, па потоа ако остане нешто за двајцата и за домот.

-Јас имам само 5.000 денари примања, момчето ми почина пред две години, Игор работи на ,,приватно” каде ќе го повикаат. Еднаш работеше преку еден проект во ,,Зелена Македонија”, но потоа земаа човек од градот Делчево наместо него. Куќата ќе падне, кај оваа дупка над кровот кога врне дожд креветот е под вода. Пари не стигнуваат, нема кој да ни помогне, вели Павлина.

Игор додава дека сметката за струја рефовно се фвижи од 500 до 700 денари, а тука како што надополни е и сметката за вода, која како што вели не планира да ја плаќаат, бидејки немаат доволно средства. Важат за срамежливо семејство и ретко бараат помош, а денешниот хигиенски и прехранбен пакет кој го добија од Црвен крст која е една од ретките организации која им помага, велат ќе им биде доволен за Новогодишните празници.

Од покуќнина имаат потреба, но поради лошата состојба во која се наоѓа куќата, доколку им биде дониран мебел нема каде да го сместат. Соседната просторија до собата каде живеат е полна со картони и ,,леѓени” за полнење вода од ,,прокапаниот” покрив кога врне дожд. 

Павлина го нема наполнето работниот стаж за да добие пензија, а не ја следува и наследна пензија од сопругот кој починал без наполнет работен стаж. Иако синот Игор засега со своите скромни примања успева да го ,,крпи” семејството, сепак празниците за Иликовски ќе поминат штуро. Иако лично не побараа помош, во нивните очи видлива беше пораката некој да се сети на нив и да се обиде да изнајде привремено решение,  најпрвин Игор да се вработи, а потоа да се изнајде начин да се среди домот кој е се што имаат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*