Успешно реализирана хуманитарната акција ,,Новогодишна трпеза за сите”

Во Делчево успешно заврши акцијата насловена ,,Новогодишна трпеза за сите” организирана од Советот на млади при Општина Делчево. Во рамки на акцијата како што стпи во објавата на Советот на млади обезбедени се хуманитарни пакети за семејства од Делчево по повод Новогодишните празници.

-Задоволството од одзивот на акцијата “Новогодишна трпеза за сите” е огромно, искрено не очекувавме дека ќе има толкав интерес, за што сме бескрајно благодарни на сите хумани граѓани кои се вклучија во акцијата, кои со еден мал гест ќе направат многу луѓе среќни за празниците. Благодарение на донациите на учениците и нивните родители и наставници од двете основни и средното училиште од Делчево, на донациите од Лука Текс, Брегал, Фротирка, Сони Текс, Здружение на пензионери, ОО Црвен крст Делчево и Регионален центар за застапување, собрани се 90 големи прехранбени пакети, 125 новогодишни пакетчиња за најмладите и околу 20 пакети со облека и обувки за различна возраст и пол, истакнаа во својата објава на фејсбук од Советот на млади при Општина Делчево.

Паралелно со оваа акција, како што додадоа се одвива и веќе традиционалната хуманитарна акција на Општина Делчево и Зегин, со која ќе бидат поделени 60 прехранбени пакети на семејства од социјален ризик од Делчево. 

-Со оваа активност Младинскиот совет ја заокружува својата работа за годината која изминува. За наредната 2022 година, согласно новата програма предвидени се повеќе активности во согласност со потребите и интересот на младите од Делчево, додадоа од Младинскиот Совет.

Собраните донации во рамки на акцијата ,,Новогодишна трпеза за сите ќе бидат поделени во текот на наредната недела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*