ЖКК ,,Патриот 2016″ славеше над Тим Арена и се изедначи на првото место во М-16 лигата

Кошаркарките на ,,Патриот 2016″ од Делчево и се реваншираа на екипата на ,,Тим Арена” со што се изедначија на првенствената табела во М-16 конкуренција. Во рамки на денешниот натпревар одигран во Спортската сала ,,М.М.Брицо” во Делчево, делчевки славеа мининално со 61:59. Како што информираше тренерот на екипата од Делчево, Љупчо Петровски победата беше доволна да ги искачи делчевки на делба на првата позиција со денешниот противник.

-На денешниот натпревар водевме од прва до последна минута и заслужено победивме, иако на крајот беше возбудливо, бидејки водството од 8 разлика на 45 секунди до крај, Тим Арена успеа да го намали на 2 разлика. Сепак победивме и им го нанесовме првиот пораз на Штипјанки, рече Петровски.

Ова беше прв натпревар од вториот дел од првенството во М-16, а делчевки како што додаде тренерот со уште една победа обезбедуваат пласман во фајнал-фор натпреварите.
-Добро е што со оваа победа сме се поблиску до фајнал-фор натпреварите. За тоа да се случи мора да победиме во следното коло против екипата на Вардар, додаде Петровски.

Најефикасен поединец на денешниот натпревар беше репрезентативката Ана Ангеловска со 32 постигнати поени, а солиден учинок имаше и Радмила Стоименовска со 14 поени. Ден порано екипата од Делчево во последниот натпревар од првиот дел од првенството во М-16 славеше над Пробаскет со убедливи 59:48.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*