Обезбедени средства за доизградба на градскиот пазар во Делчево

Обезбедени средства за доизградба на градскиот пазар во Делчево. Средствата како што информираа од општина Делчево се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион со кој Општината потпиша договор за заокружување на финансиската конструкција за целосно завршување на современиот градски пазар во Делчево.

-Општина Делчево доби 13,9 милиони денари за проектот „Градски пазар во Делчево-отворен и затворен дел II фаза“ со што се заокружува финансиската конструкција за целосно завршување на современиот градски пазар во Делчево. Согласно со потпишаниот Договор со Центарот за развој на Источно-планскиот регион обврската на Општина Делчево за доизградба на градскиот пазар е 4,8 милиони денари, информираа од Општината.

Тендерот за избор на најповолен економски оператор за доизградба на градскиот пазар како што додаде градоначалникот Горан Трајковски, треба да биде распишан по новогодишните и божиќните празници, потенцирајки дека се работи за капитален проект кој ќе биде двигател на локалната економија во Делчево.

-Вкупната вредност на проектот е 35 милиони денари, од нив во првата фаза, 7 милиони денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, додека во втората фаза од изградбата, обезбедени се средства од Министерството за локална самоуправа- Биро за регионален развој преку Центарот за развој на ИПР во висина од 13,9 мил. Останатите средства ги обезбедува Општина Делчево, рече Трајковски.

Со реализацијата на овој проект, Делчево ќе добие современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг– простор. 

Паралелно се гради нова улица која го поврзува новиот пешачки мост и новиот градски пазар, со што спотед надлежните се решава уште една инфраструктурна потреба која е во насока за заживување на централното градско подрачје кое ќе добие нов урбан лик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*