Миле Ѓорѓијоски автор на првата книга со детски афоризми ,,Палави афоризмичиња”

Излезе од печат првата книга со детски афоризми „Палави афоризмичиња“ од познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски. Рецензент на книгата е познатиот писател Киро Донев, кој за делото вели дека ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите љубители на сатира.

-Миле Ѓорѓијоски во својата книга „Палави афоризмичиња“ која е наменета за најпробирливата читателска публика пишува за ситни, секојдневни случки како и за разните детски досетки и „вицеви“. Ама, како вистински волшебник на зборот, со силата на својот талент, таквите „ситници“ тој ги користи само како појдовна точка, за да го најави својот афоризам, кој што секогаш во себе носи сериозна порака за возрасните ама истовремено, при тоа, тој ја формира и детската душа и го облагородува детското срце, истакнува Донев во својата рецензија за делото.

За книгата свој осврт има и рецензентот Милован Стефановски.

-Значи, еве го нашиот Миле Ѓорѓијоски со неговите „Палави афоризмичиња“ со поднаслов „Детски афориз-ми“. Меѓу кориците на оваа негова најнова и во исто време мошне специфична публикувана објава се поме-стени вкупно 180 наменски изнедрени мудри мисли на-менети за најмладата читателска публика. Уште веднаш треба да се нагласи дека без разлика на деминутивната форма употребена во насловот на овој ракопис авторот М. Ѓорѓијоски во сите сегменти на создавањето на дело-то без остаток приоѓал со внимателност, селективност и, се разбира, со неопходната и нужна сериозност кога се создава продукт наменет за најмладата популација. За да се постигне такво ниво и, секако, тематска рамнотежа, само тие што посегнале да создаваат уметничко твореш-тво наменето за најмладите, најдобро знаат дека токму таквото зафаќање истовремено претпоставува и сериозен пристап и исклучителна посветеност, вели Миловановски.

Ванчо Полазаревски, исто така рецензент на книгата ќе додаде:

-Од навидум банална, обична ситуација Миле прави апсурд кој по куса пауза пак ги доведува работите во нормала, но претходно правејќи едно афористичко сал-томортале што е и карактеристика на секој добар афори-зам – да создаде апсурд кој всушност тоа и не е, но ете авторот го пронашол и со својата вештина ги довел рабо-тите на свое место.

Еве ја учителката во уште една апсурдна ситуација прикажана преку палавоста на реченицата:

Учителката не знае дека молчењето е злато.
Јас ги премолчав сите прашања, а таа ми стави единица.

Книгата врие од вакви палавштини и тоа една од неј-зините главни одлики, со неверојатна леснотија да се пронајде комичното, афоризмичното и палавото во раз-но – разните ситуации кои што се дел од нашето секој-дневие во комуникацијата со децата. Освежувањето кое го носи оваа книга е особено бит-но ако се доведе во контекст со податокот дека оваа кни-га кај нас е прва која објавува т.н. детски афоризми (афоризми за деца). Ваков жанр се среќавал во неделни-те списанија за деца, но не во олку голем обем и конкре-тност каков што е тоа случајот со книгата на Миле Ѓор-ѓијоски, што само по себе е еден од поважните квалитети на книгава и претставува голема вештина ако се земе во предвид дека се работи за материја која треба да им е до-стапна и „смешна“ и на најмладите читатели.

Илустратор на првата книга во Македонија со детски афоризми е Миро Георгијевски. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*