Делчевската библиотека ги награди најмалите и најредовни читатели

Во годината што изминува, и покрај пандемијата со Ковид, Јавната локална библиотека „Илинден“, реализира и одбележа 31 активност и настани. Меѓу нив директорката Биљана Петровска ги издвои следните:

-Имавме 5 промоции на роднокрајни автори, го одбележавме Светскиот ден на мајчниот јазик, Светскиот ден на поезијата, Светскиот ден на книгата,Денот на културата, Неделата на детето, Месецот на книгата, биравме читател на годината, читател на летото, а исто така ги наградивме нашите возрасни редовни членови, рече Петровска.

Сега, на самиот крај од оваа 2021 година како што додаде директорката на установата, наградени се најмалите и најредовни читатели.

-Тоа се дечиња од кои две се во детска градинка, а сепат сите наградени, редовно изнајмуваат книги од библиотеката и како примерни членови навреме ги враќаат прочитаните книги. На нашите денешни гости најмали и најредовни читатели им велиме едно огромно БРАВО и нека продолжат да читаат книги. Тоа се Јана Манева, Димитар Манев и Георги Илиевски. Честитки до сите нив, се читаме и дружиме и во новата 2022 година, додаде Петровска.

Оваа активност, библиотеката ја реализира по втор пат, како што додаде директорката повторно како поттик или апел до сите родители да ги научат децата да ја сакаат книгата, да ги научат од мали да посетуваат библиотека и да им всадат љубов кон читањето и убавиот пишан збор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*