Литературен конкурс по повод 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Јавната локална Библиотека „ Илинден“ од Делчево распиша Литературен конкурс на тема ,,Гоце – наша ѕвезда водилка”. Конкурсот како што информира директорката Билјана Петровска е дел од соработката со Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ Делчево, а по повод 150 години од раѓањето на Великанот и патронот на градот Гоце Делчев. 

-По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев – Патронот на градот, се распишува награден литературен конкурс на тема:„ „Гоце – наша ѕвезда водилка“ На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Делчево и ученици од основните училишта и Средното општинско училиште, информира Петровска.

Напишаните литературни творби во проза или поезија, како што додаде, можат да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево со напишано име и презиме и контакт телефон а исто така можат да ги достават и во електронска форма со напишано име, презиме и телефонски контакт на е-маил адреса: m.biblioteka@t.mk. 

-Творбите ќе ги прегледува Комисија.Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт во рамките на Одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари 2022 година. Наградените учесници ќе добијат диплома и подарок, а наградените творби ќе бидат објавени на веб страната на општина Делчево, додаде Петровска.

Конкурсот ќе биде отворен до 31 јануари 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*