Делчевскиот советник Иван Гоцевски го донираше советничкиот паушал за потребите на Дневниот центар

Делчевскиот советник Иван Гоцевски го донираше советничкиот паушал за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево. Средствата од советничките паушали тој претходно навести дека ќе ги намени во различни цели, како дел од општествената одговорност која ја има како Советник во Советот на Општина Делчево.

-Целта на тоа што сме овде денес е овие лица да бидат потпомогнати од нас како Општество. Тие од претходно имаа потреба од таков принтер што беше причина,  средствата од советничкиот паушал да бидат наменети за таквата потреба. Со ова на некој начин искажуваме благодарност до сите вработени во Дневниот центар, во кој имаат изградено еден топол дом каде се згрижуваат лицата на кои треба да им помогнеме. Ова нека биде пример за сите луѓе да донираат сегде каде што е потребно, истакна Гоцевски.

Јасминка Синадинова Михаилова се заблагодари за донацијата на делчевскиот советникот и посочи дека како Дневен центар не спаѓаат во категоријата на маргинализирани групи и не бараат сожалување и воедно порача дека гестот на советникот треба да биде пример и за останатите хумани граѓани.

Следен чекор како што дополни советникот Гоцевски кој освен принтерот додели и новогодишни пакетчиња е поддршка за Игор и неговото семејство Иликовски од селото Разловци, преку обезбедување негово вработување, со цел да се помогне на ова семејство кое живее со социјална помош од 5.000 денари. Тој воедно најави дека поддршка за Дневниот центар деновиве ќе добие и од еден фудбалски клуб од Истокот.

Воедно од Дневниот центар додадоа дека во текот на денешниот ден подароци биле донирани од Стопанска Банка АД Скопје – филијала Делчево, Дади Компани, училишната заедница од текстилната струка при СОУ „М.М.Брицо“, Вработени во ОЈУДГ „Весели Цветови“, хуманитарно здружение „Св.Марија Македонка“ од Триенген, Швајцарија, Дечињата Неда и Никола Коларски, а Свечен ручек во ресторан „Трла“ за корисниците и родителите бил обезбеден од Невладината организација „Порака“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*