Подобрен сообраќајниот пристап до улицата „Плачковица“ во населбата Трети Реон во Делчево

Во Делчево продолжуваат активностите за подобрување на патната инфрастуктура во дел од населбите од десната страна на река Брегалница. Во рамки на активностите како што информираа комплетно е завршена изградбата на улицата „Плачковица“ во населбата Трети Реон.

-Улицата „Плачковица“ во населбата Трети реон, деновиве доби своја комплетна завршница. Завршена е изградбата, со поставен асфалт со банкини на последните 250 метри од улицата која е со должина од над 1 километар, информираа од Општината.

Со завршувањето на овој проект како што додаде градоначалникот Горан Трајковски кој изврши увид во работите, овој дел од населбата добива безбедна современа сообраќајница.

-Воедно со асфалтирањето на последните неизградени метри од улицата се решава проблемот со патната инфраструктура на поголем дел од семејствата кои живеат или гравитираат на овој дел од населбата, додаде Трајковски.

Оваа улица како што додадоа го таргетира и резервоарот за вода на локалитетот Чуката, со тоа што е подобрен пристапот до самиот резервоар во оваа населба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*