Традиционална посета на службите кои дежураат на новогодишната ноќ

Градоначалникот Горан Трајковски во пресрет на дочекот на новата година, ги посети службите кои дежураат за новогодишната ноќ. Новогодишната ноќ е работна за Итната медицинска служба во Делчево, ТППЕ Делчево, полициските службеници во ОВР Делчево, Царинската испостава на Граничен премин.

Посетата од чии рамки беше дел и Претседателот на Советот, Гоце Попов се искористи, за да се воочи подготвеноста на службите, условите во кои работат и предизвиците во работата. Традиционално, градоначалникот Трајковски им подари пригодни подароци кои се во насока на подобрување на условите за работа.

-Посебна чест претставува вечерва, на новогодишната ноќ да си со вработените кои се на своите работни места за време на новогодишната ноќ. Нивната улога во функционирањето на системот, посебно кога станува збор за безбедноста и здравјето на граѓаните, е непроценливо и Делчево се гордее со овие вработени. Затоа, по традиција и оваа година ги посетивме Итната медицинска служба, ТППЕ Делчево, Полициската станица, како и за Царинската испостава на Граничен премин Делчево. Во знак на благодарност и за нивниот посебен придонес во зачувување на здравјето, безбедноста и имотот на граѓаните им доделив пригодни подароци кои се во насока на подобрување на условите за работа.

Посакувам да имаат мирна новогодишна ноќ, а наредната 2022, да им донесе лична среќна, многу здравје и бериќет и успех на професионален план, истакна Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*