,,Мачевските деца” – Семеен бизнис за производство на најквалитетното сирење во Малешевијата

Овчарската фарма ,,Мачевските деца” е семеен бизнис од 2006 година. Се занимаваат со одгледување говеда, овци и крави, некогаш одгледувале и до 400 овци, но со тек на времето ја намалиле бројката, бидејки искуството покажало дека помал број овци кои се добро одгледани им даваат ист приход.

Во Малешевијата се познати како семејство кое има солидна продажба и навреме го продаваат јагнето по добра цена. Субвенции како што вели еден од членовите на семејството Александар Мачевски добиваат навреме, но потенцира дека се малку платени за набавката на храна, која сами ја обезбедуваат како јонџа, сено и други житни култури за прихрана на стоката.

Во моментот ,,Мачевските деца” располагаат со 250 овци и 40 крави само за пасење, телиња и 5 коњи со комплет говеда, за кои редовно собираат храна за зимата.

Од производите со кои располагаат ќе ги издвоиме Малешевското сирење, млеко, биено сирење, јагне буламач, телиња хранети со природна хран (нехранети на јасли).

Производите може да се купат доколку ги побарате на телефон 072/566-688.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*