Роднокрајниот автор Влатко Ситновски ја издаде збирката поезија ,,Три точки”

Роднокрајниот автор Влатко Ситновски ја издаде збирката поезија ,,Три точки” . Издавач на делото е ,,Студентски сервис”, а илустрациите се на Софија Ситновска.

Делото содржи 25 песни кои како што истакна авторот се лична инспирација од секојдневниот живот.

-Голем дел од песните се наградувани од средношколските денови, а темата е секојдневието и разни теми од животот како целина, рече Ситновски.

Во ракопис чува обемен материјал од кој авторот се надева дека во догледно време ќе произлезат уште печатени изданија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*