
Жителите на делчевското маало кај ,,вишните” ја реализираа традиционалната ,,Вишнарска дружба”. Еве по тој повод што напишаа на фејсбук:
ТРАДИЦИОНАЛНА ВИШНАРСКА ДРУЖБА!
Кога го прашале еден старец од Тибет, зошто им дава од неговата најдобра пченица на соседите за семе, тој им одговорил дека, кога би имало на соседните ниви од истата пченица како неговата тогаш неговата пченица ќе се опраши со исто толку квалитетна пченица како неговата. И на тој начин ќе се создаде СОРТА НАЈДОБРА ВО РЕГИОНОТ.
Ние НАШАТА СОРТА ќе ја наречеме РАЗБИРАЊЕ, ЉУБОВ И ПОЧИТ, и ќе ја шириме насекаде во регионот.
Нека Ни се среќни и бериќетни престојните празници.
Линк до оригиналната објава:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5216140051746995&id=100000531543307
Во продолжение неколку фотографии од средбата.






Leave a Reply