Делчевчани преку анкетен прашалник ќе го ,,мерат” квалитетот на работа на општинската администрација

Преку анкетен прашалник делчевчани ќе го мерат квалитетот на услугите на општинската администрација. Целта како што информираа од Општината е да се добијат првични информации за работата на секторите во Единицата на локалната самоуправа.

-На својата веб-страница  delcevo.gov.mk, објавивме анкетен прашалник со цел да го измери задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите на општинската администрација. Резултатите од неа ќе бидат искористени за да се направи анализа и да се интервенира во насока на подобрување на работата на одделенијата и секторите во Општина Делчево и да се подобри квалитетот на услугите, истакнаа од Општина Делчево.

Меѓу прашањата кои ги содржи анкетата, граѓаните меѓу другото имаат можност да дадат оценка за работата на градоначалникот, како и да посочат свои предлози и идеи за решавање на одредени пробчеми во своите месни и урбани заедници.

Анкетниот прашалник на следниот линк

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*