Во повеќе делчевски населби се кршеше Бадниково колаче со паричка

Во неколку делчевски населби и села синоќа жителите кршеа лепче со паричка по повод денешниот христијански празник Бадник. За жителите на Расадник кои го одбраа новиот кум за следната година ова беше можност  иселениците од оваа населба да се соберат повторно заедно.

-Јас сум Миле Георгиевски, повеќе години сум во Италија. Сакавме вечерашната средба да ја направиме еден ден пред Бадник за да можеме да го прославиме со семејствата. Знаете порано се собиравме на друго место но бидејки просторот ни беше мал сега сме на ова место, каде се дружиме се забавуваме, како што тоа го правиме за напата Расадничка вечер која поради Ковид-19 не се одржа во изминатите две години, рече Георгиевски.

Честа да му се падне Бадниковата паричка годинава му припадна на Дарко од Расадник, кој по тој повод упати благослов за многу среќа и добро здравје без пандемија во Новата 2022 година.

Сличен собир се организираше и во делчевската населба Басарица, каде дел од присутните кои се иселеници во странство, изразија задоволство што по подолго време повторно се организираат пред големиот христијански празник Божик.

-Ова е една тивка и убава населба за живеење, баш ми е драго што нашите сонародници, нашите соседи се организираа да прославиме заеднички. Бидете живи и здрави Македонци низ цел свет, сакајте се, почитувајте се, живејте мирно и успешно и ви посакувам Среќна нова година, кажа жител од населбата.

Заедничка средба во пресрет на Божик се одржа и во селото Бигла, а вечерва традицијата на палење  Бадникови огнови ќе продолжи и во дел од останатите селски средини во Делчевско.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*